Во финишот на летниот преоден рок, италијанскиот клуб Јувентус го доведе играчот од средниот ред на ПСВ, Мохамед Ихатарен (19) за 1,9 милиони евра. Холанѓанецот веднаш беше испратен на позајмица во Сампдорија, но досега нема одиграно ниту една минута. Кон крајот на октомври беше утврдено дека талентираниот офанзивец исчезнал. Никој не знаеше каде е, а тој всушност се вратил дома во Холандија.
Неговата кариера е под знак прашалник, а Ихатарен е погоден од страшна депресија. Неговиот татко починал пред две години и младиот човек никако не успева да закрепне од оваа трагедија.
Јувентус и Сампдорија се уште не се огласија за овој случај, но во Холандија се почесто се споменува дека Ихатарен можеби и нема да му се врати на фудбалот поради депресијата. Инаку, тој е еден од најголемите таленти на холандскиот и на европскиот фудбал, а за неговата кариера се грижи познатиот менаџер Мино Раиола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Волфсбург го отпушти тренерот
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













