
Македонската А репрезентација на 24. март гостува во Љубљана на натпреварот од 2. коло против Словенија од квалификациите за ЕУРО 2020 година.
Фудбалската федерација на Македонија информираше дека сите заинтересирани навивачи и поддржувачи на националниот тим кои сакаат да присуствуваат и да ја бодрат нашата репрезентација на натпреварот на „Стожице“ во Љубљана веќе може да набават билети кои се пуштени во продажба преку официјалниот партнер за билети на Фудбалскиот сојуз на Словенија. Истите може да се купат електронски на следниот линк:
https://www.eventim.si/en/tickets/slovenija-makedonija-ljubljana-stadion-stozice-514648/event.html
За блоковите од стадионот „Стожице“ (S30 и S31) одредени од домаќинот за поддржувачите и навивачите на македонската репрезентација цената на билетот до денот на натпреварот (23. март) изнесува 15 евра, додека на денот на натпревар (24. март), билетите ќе се продаваат по цена од 20 евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
