Connect with us

Навивачите на Сити објаснија: Пораката не беше за Винисиус Жуниор – туку за Флорентино Перез

Навивачката група на Манчестер Сити, „We are 1984“, која изработи транспарент и го разви на јужната трибина на „Етихад“, почувствува потреба да се обрати до јавноста по бројни интерпретации кои сугерираа дека пораката на транспарентот е упатена до Винисиус Жуниор.

„Никој во медиумите не разбра дека лицето на кое му е упатена пораката на транспарентот воопшто не биеше на теренот. Тоа се однесуваше на Флорентино Перез. Тој беше оној што започна кампања против Родри и бојкот на „Златната топка“. Треба да се испрати порака без разлика на резултатот од натпреварот“, соопштија навивачите на Манчестер Сити.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови