Навивачите на Наполи се незадоволни од работата на тренерот Лучијано Спалети и бараат негово заминување од клубот. Во последната акција му направија транспарент на кој му го нудат неговиот украден автомобил во замена за заминување.
На транспарентот кој се појави пред стадионот во Неапол, беше испишан датумот на кражбата на неговиот автомобил „Фијат Панда“ на Спалети и пораката: „Спалети, ќе ти ја вратиме пандата…ако си заминеш!“
На потписот под пораката пишува „крадци“.
Автомобилот на Спалети беше украден на 16 октомври минатата година пред хотелот. Ветувачката сезона се претвори во разочарување за навивачите на наполитанскиот клуб, кои веќе го изразија тоа незадоволство во неколку акции. Меѓу тие дејствија беше и фрлање јајца на автобус кој превезуваше играчи на натпреварот против Сасуоло.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













