Connect with us

Навивачите на Милан протестираат, но Рафаел Леао го заштити тренерот Фонсека

Фудбалерите на Милан ја заокружија бурната недела со реми против Џенова на „Сан Сиро“, а впечатокот е дека навивачите на седумкратниот европски шампион немаат многу причини за задоволство. Иако навивачите се незадоволни, изјавите дадени по мечот укажуваат на поинаков тон во тимот.

„Росонерите“ не успеаја да пробијат добро организираната одбрана на гостите, а еден од клучните играчи, Рафаел Леао, не сакаше да ја префрла вината на тренерот Паоло Фонсека. Тој истакна дека е потребно време за усвојување на замислите на тренерот, но дека понекогаш играчите мора да променат нешта на теренот.

„Потребно е време, почнуваме да разбираме што сака тренерот, но понекогаш има работи што можеме да ги промениме на теренот. Тоа се решителноста пред нашиот гол и решенијата што ги бараме кога сакаме да најдеме простор. Тоа зависи од играчите“, изјави Леао.

Португалецот го пофали пресингот на кој инсистира Фонсека, нагласувајќи дека не е крај на светот што мечот заврши без голови.


„Тоа е фудбал. Мора да останеме заедно, бидејќи нијансите не разделија од тоа топката по шутот на Моранти да заврши во голот. Игравме добро, остваривме реми и тоа не е крај на светот“, рече Леао.

Слично размислување по мечот имаше и самиот Фонсека, кој немаше многу забелешки на играта на своите фудбалери, ако се земе предвид бројот на обиди кон голот на противникот, но сепак ја истакна незадоволството од протестите на навивачите по мечот.


„Нормално е навивачите да протестираат кога не оди. Навистина сакавме да победиме за нашите навивачи, но чувствувам дека тие секогаш се со нас. Ги разбирам, но мора да разберат дека тимот даде сѐ за да дојде до победа“, изјави Фонсека.

По ова реми, Милан ја зголеми негативата зад водечката Аталанта на дури 14 поени. „Росонерите“ немаат многу време за одмор, бидејќи веќе во петок ќе имаат гостување во Верона, додека на 29-ти декември на „Сан Сиро“ ќе гостува Рома.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови