Connect with us

Навивачите на Барселона го нападнаа Куман на паркинг (ВИДЕО)

Реал Мадрид ја победи Барселона со 1-2 на „Ел Класико“ и ги отвори уште повеќе раните на Роналд Куман и каталонскиот клуб. Барселона оваа сезона игра катастрофално, а холандскиот стратег нема намера да го напушти кормилото на тимот.


Сето тоа ги погоди навивачите на Барселона, па тие му приредија непријатни сцени на својот тренер. Куман имаше проблем да го напушти паркингот пред стадионот, откако навивачите на Барса го опколија автомобилот во кој се наоѓаше Холанѓанецот и го навредуваа.

Клубот на ваквото однесување на навивачите одговори со соопштение во кое истакна дека ги осудува насилните постапки насочени кон тренерот и дека ќе преземе дисциплински мерки против актерите за тоа да не се повтори.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови