
Големото дерби на Холандија, Де Класикер, ни овојпат не мина без сериозни скандали. Актуелниот шампион Феенорд беше на пат да забележи триумф на гостувањето кај Ајакс, откако водеше со 0-3 на почетокот на вториот дел, но натпреварот е прекинат поради однесувањето на домашните навивачи кои трипати направија прекин пред судијата конечно да го прекине мачењето.
Веќе во средината на првото полувреме, играта беше прекината на неколку минути поради фрлена пластична чаша во близина на теренот. Непосредно пред крајот на првиот дел дојде до нов прекин поради фрлени факели во шеснаесетникот на гостите.
Неколку минути по почетокот на натпреварот, ултрасите на домаќините повторно го опсипуваа теренот со факели, што доведе до нов прекин на играта.
Вака 55. минута, судијата Сердар Гезубук конечно го прекина дербито, а сѐ уште не е јасно дали ќе се игра некој друг ден, ниту пак дали ќе биде досуден службен пораз на Ајакс.
Ajax were 3-0 down at home to Feyenoord and started vandalising their own stadium in anger. The match was then abandoned… 😡
— Football Away Days (@FBAwayDays) September 24, 2023
The trouble continued outside the stadium as riot police charge at fans on horses! Wow! 😨pic.twitter.com/ZyqtlrT6J8
Според информациите во Холандија, причина за однесувањето на навивачите на Амстердам е нивниот протест по разочарувачките настапи на тимот од почетокот на сезоната.
Тимот на Морис Стин е само 14. на табелата со пет освоени бода, по една победа, две ремија и еден пораз пред денешниот несреќен натпревар. На социјалните мрежи имаше дури и снимки од навивачите кои се обидуваат да го пробијат главниот влез на арената Јохан Кројф, кршејќи ја ротирачка врата по прекинот на натпреварот. Немирите пред стадионот ја принудија локалната полиција да употреби солзавец за да ги растера разбеснетите поддржувачи, при што тројца од нив беа уапсени.
Што се однесува до самиот меч, Сантијаго Хименез денеска со два гола и една асистенција се претвори во ноќна мора за тимот од Амстердам. Веќе во 9. минута напаѓачот со силен удар го отвори резултатот во корист на гостите. Девет минути подоцна тој повторно постигна гол по додавањето на Антон Геј и упати шут кој се покажа несопирлив. При еден контранапад на тимот од Ротердам во 37. минута, токму Хименез асистираше за третиот гол што го постигна Игор Паишао.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Томче Гроздановски потпиша за романскиот тим Конкордија

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра

Прва лига
Муарем Муарем е нов тренер на Башкими

Интернационалци
Виктор Треневски ќе биде тренер на црногорски третолигаш

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија
