Навивач на францускиот првак Пари Сен Жермен е избоден со нож од ултрасите на Милан во понеделникот вечерта во Милано. „Росонерите“ денеска го пречекуваат францускиот шампион на „Сан Сиро“ во пресметка од Лигата на шампионите.
Според очевидци, дошло до судир на околу 50 навивачи на Милан и група симпатизери на ПСЖ, по што неименуван 34-годишен француски државјанин се здобил со две убодни рани во ногата.
07.11.2023, Curva Sud Milano🇮🇹 attack PSG🇫🇷 in Milano https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/GM6pSSFJpe
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) November 7, 2023
„Кориере села сера“ јавува дека животот на жртвата не е во опасност. Пред неполни два месеци, навивач на Њукасл исто така беше избоден во Милано пред уште еден натпревар од Лигата на шампионите.
Атмосферата на „Сан Сиро“ се очекува денеска дополнително да ја вжешти присуството на поранешниот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума, кој сега брани за тимот на ПСЖ.
Милан е на дното во својата група откако не успеа да постигне гол во првите три натпревари и вечерва мора да победи доколку сака да се надева на прогрес.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Волфсбург го отпушти тренерот
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













