Раководството на Наполи реагира на судиските одлуки и ВАР – системот и се сомнева дека повторно најголем „попуст“ добива Јувентус. Според пишувањата на „Кориере дело Спорт“, челниците на Наполи се крајно незадоволни од арбитражата во италијанската Серија А, а особено од критериумите кои се применуваат за Јувентус.
Претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис наводно се консултирал со адвокат и побарал од лигата официјален транскрипт од разговорот меѓу судиите во ВАР собата и оние на теренот. Според него, спорни се натпреварите на кои „старата дама“ играше против Рома и против Интер.
Бесни се во Неапол, а италијанските медиуми истакнуваат дека добро ја паметат 2018 година кога Јувентус во самиот финиш од шампионатот го презеде лидерското место од Наполи. Во клучната победа против Фиорентина, судијата не го исклучи Пјаниќ, тврдат „наполитанците“, а потоа ги снемало и транскриптите од ВАР – собата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













