Обвинителот на Фудбалската федерација на Италија, Џузепе Чине, подготвил налог за подготвување документи од Наполи за истрага во врска со трансферот на Виктор Осимен од Лил.
Во 2020 година Нигериецот се пресели во Неапол за 75 милиони евра, но во Италија се шпекулира дека трансферот што се случи во годината обележана со пандемијата на Ковид-19, потенцијално има одредени неправилности.
Обвинителот Џузепе Чине кој учествуваше во казната што го погоди Јувентус е подготвен детално да го истражи трансферот на нигерискиот напаѓач. Се верува дека финансиската спогодба била лажна, а доколку се покаже дека тоа е вистина, „наполитанците“ исто така би можеле да се соочат со сериозни последици.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













