
Наполи планира да му понуди нов договор на Квича Кварацкелија со сериозно подобрени услови, со оглед дека тој оваа сезона стана еден од најважните играчи на тимот, пренесува „Газета дело спорт“.
Крилниот напаѓач дојде пред една година од Динамо Батуми за само 11,5 милиони евра, но неговите импресивни игри привлекоа сериозен интерес од најголемите европски клубови.
22-годишниот фудбалер постигна 12 гола и забележа 15 асистенции на 26 натпревари од почетокот на сезоната во сите натпреварувања, а Реал Мадрид и гигантите од Премиер-лигата веќе ги одмеруваат понудите за Грузиецот ова лето.
Во моментов Квича Кварацкелија заработува околу 1,5 милион евра по сезона и има договор до летото 2027 година. Сега Наполи е подготвен да му понуди плата од 2,5 милиони плус бонуси, како и продолжување за една година до 2028 година.
Сепак, ова е далеку од условите што му ги нудат богатите европски клубови како Реал Мадрид и Манчестер Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП лесно го освои Чаир

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе
