
Наполи подготвува прва понуда за Алехандро Гарначо, и се очекува во следните денови да понуди 45 милиони евра, вклучувајќи бонуси, јавуваат медиумите во Италија. Сепак, понудата на Наполи веројатно ќе биде одбиена од Манчестер Јунајтед, бидејќи клубот од „Олд Трафорд“ го проценува Гарначо на минимум 60 милиони фунти.
Гарначо е на врвот од листата на тренерот Антонио Конте како играч кој треба да го замени Квица Кварацкелија.
Од Јувентус исто така ја разгледуваат можноста да го ангажираат Гарначо, но ова би била дополнителна опција, најверојатно следното лето.
Гарначо не е означен како „недопирлив“ од Манчестер Јунајтед и шефовите на клубот се подготвени да разгледаат понуди, но само ако тие ги исполнуваат нивните финансиски очекувања.
Раководствата на Наполи и Манчестер Јунајтед имаат добри односи, а ова лето Наполи плати околу 30 милиони евра за Скот Мектоминеј.
Интерес за Гарначо покажува и Атлетико Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен
