Наполи успеа да слави победа (0-2) на гостувањето против Фиорентина и се врати во зоната за пласман во Лигата на шампионите, со еден бод предност во однос на Јувентус. На Елиф Елмас и соиграчите сега им е потребен уште триумф на домашен терен против Верона за да ја реализираат целта и да обезбедат пласман во елитното европско клупско натпреварување.
Како и на вчерашниот дуел меѓу Јувентус и Интер, и денеска во Фиренца имаше сомнителна ВАР – одлука и пенал за Наполи. На крајот, Лоренцо Инсиње шутираше од белата точка во 56.минута, Терачано го одбрани ударот, но Инсиње од втор обид ја испрати топката во мрежата.
Во 67. минута, Пјотр Зиелински со шут од далечина и со помош од Лоренцо Венути од кого топката го смени правецот, успеа да зголеми на 0-2.
Елиф Елмас на овој меч остана на клупата за резерви.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













