Наполи оствари убедлив триумф (1-4) против Калјари на гости, а Елиф Елмас влезе во 77.минута на местото на двојниот стрелец Пјотр Зиелински. Тој ги постигна првите два гола за „наполитанците“, а до крајот стрелаа и Ирвинг Лозано и Лоренцо Инсиње од пенал. Жоао Педро во првиот дел постигна гол за израмнување, но Калјари немаше шанси за да освои бод на овој меч.
Аталанта исто така беше убедлива против Сасуоло и славеше со 5-1. Дуван Запата постигна два гола, а му се придружија и Песина, Госенс и Мјуриел.
Рома со 1-0 ја совлада Сампдорија, а стрелец на победничкиот гол беше Един Џеко во 72.минута. „Волчицата“ со овој триумф ја сочува третата позиција на табелата со 30 бода.
Џенова одигра 1-1 против Лацио, а Горан Пандев не беше во составот на домашниот тим. Чиро Имобиле од пенал донесе предност за Лацио во 15.минута, а израмни Матија Дестро во 58.минута.
Торино славеше со 0-3 на гости против Парма, а гостинска победа оствари Верона (0-1) против Специја. Фиорентина и Болоња ремизираа без голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













