Connect with us

Наполи го доведе Хуан Жесус

Искусниот бразилски фудбалер Хуан Жесус е четвртото засилување на Наполи оваа сезона, а пристигнува во подножјето на Везув по пет сезони во Рома, пренесуваат италијанските медиуми.


Жесус беше без клуб претходниот месец и половина откако не го продолжи договорот со Рома. Тој беше релативно стандарден на „Олимпико“ во претходните три сезони, и нема сомнение дека трансферот е инициран од новиот тренер Лучијано Спалети, кој го донесе и во Рома во пресрет на сезоната 2016/2017.


Хуан Жесус потпиша едногодишна соработка со Наполи, и доколку е доволно физички подготвен, може да конкурира за тимот веќе за натпреварот против Венеција в недела.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови