Ал-Ахли, клубот од Саудиска Арабија, испратил понуда за Виктор Осимен, која италијанскиот клуб Наполи наводно ја прифатил. Понудата изнесува „само“ 65 милиони евра, што е значително помалку од цената што Наполи досега ја бараше за продажба на својот најдобар фудбалер. Интересно е дека претходно, и за поголема сума, Наполи ги одби Пари Сен Жермен и Челси.
Пречка за овој трансфер се сепак екстремно високите барања на Осимен за годишна плата и откупната клаузула во договорот, која засега е непозната. Не е јасно дали Саудијците ќе се согласат на тоа.
Осимен претходно побара од Челси неверојатна плата од 589.000 неделно и клубот од „Стемфорд бриџ“ се откажа од неговиот трансфер. Претходно истото го стори и Пари Сен Жермен.
Во трката сѐ уште е Арсенал, но по сѐ изгледа дека единствено саудиските клубови би можеле да го поднесат товарот на платата на Виктор Осимен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













