Наполи ги потврди стравувањата во врска со повредата на својот прв голман Алекс Мерет. 27-годишниот чувар на мрежата почувствува болка за време на дербито со Јувентус за викендот и беше принудно заменет. Се покажа дека станува збор за проблем со адукторот, а според прогнозите тој ќе биде отсутен од терените најмалку еден месец.
„Алекс Мерет помина дијагностички прегледи во болницата ‘Пинета Гранде’ во понеделник. Тестовите покажаа дека станува збор за истегнување од втор степен на адукторот на левата нога. 27-годишниот голман веќе започна процедури за рехабилитација“, соопштија од Наполи.
Ова е лоша вест за тренерот Антонио Конте, кој нема да може да го користи Мерет во натпреварите против Палермо во Купот на Италија, како и во средбите со Монца, Комо, Емполи и Лече. Се надеваат дека тој ќе биде подготвен за дербито со Милан на 29 октомври.
Повредата на голманот е исто така лоша вест и за селекторот на националниот тим, Лучано Спалети, кој нема да може да смета на него за натпреварите од Лигата на нациите против Белгија и Израел во октомври.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













