
Успехот никогаш не бледнее. Поминаа цели 30 години откако македонските фудбалски легенди Дарко Панчев и Илија Најдоски успеаја со Црвена Звезда да се искачат на врвот на Европа.
Бескомпромисниот борец Илија Најдоски беше столб во одбраната на „црвено-белите“, секогаш подметнуваше глава каде што други не би пуштиле ниту нога. Така беше и во финалето во Бари. Дресот на Најдоски беше целиот во крв.
„Го сочував својот дрес од првото полувреме. Се уште има траги од крв, не е ниту испран. Сите други дресови некаде се дадени, но тој ќе остане засекогаш дел од мене и од мојот дом“, вели Најдоски во разговор за „Моцартспорт“.
Дефанзивецот го чуваше Жан-Пјер Папен, тогаш еден од најдобрите светски напаѓачи.
„Не бевме на врвно ниво во тоа финале. Но, секако е подобро така да се одигра, а да се победи. Го чував Папен, кој со Панчев тогаш беше најдобриот напаѓач во Европа. Имавме многу дуели, но и немаше некои посебни разговори или искри во текот на мечот“, се потсетува Илија Најдоски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Родриго доаѓа на позајмица во Тотенхем?

Евро-фудбал
Наполи притиска за трансферот на Хојлунд

Евро-фудбал
Нов минималец, но и нов триумф на ПСЖ (ВИДЕО)

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
