Реал Мадрид е срамно елиминиран во почетната фаза од Купот на Шпанија, го загуби и Суперкупот на Шпанија, а во Ла Лига заостанува зад градскиот ривал Атлетико Мадрид. Бодовната негатива може да достигне и десет бода ако Атлетико Мадрид ги победи заостанатите натпревари. Ова сериозно ја отежнува позицијата на Зинедин Зидан на клупата на „кралскиот клуб“. Тој јавно истакна дека не размислува да поднесе оставка, но медиумите во Шпанија веќе плетат приказни кој ќе го наследи на клупата.
Легендата на клубот, Раул Гонзалес, кој е предводник на Б-тимот на Реал Мадрид, не е единствениот кандидат за наследник на Зидан. Како што тврди „Радио Марка“, на Флорентино Перез му е понуден најдобриот тренер од Јужна Америка, Марсело Галјардо.
Младиот тренер на Ривер Плата важи за одличен стратег, тој веќе шест години е на клупата на познатиот клуб од Буенос Аирес и освои многу трофеи во Копа Либертадорес, Копа Судамерикана, Куп на Аргентина.
Галјардо пред именувањето на Роналд Куман се споменуваше и како можно решение за тренерската позиција на Барселона. Сега би можел да го преземе кормилото на големиот ривал Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Волфсбург го отпушти тренерот
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













