Работнички е повторно на посакуваната четврта позиција по триумфот (0-1) над Беласица во Струмица и се надева на излез во Европа. Младиот Кристијан Ацковски блеска во полн сјај, беше човек на одлука и на дуелот против Беласица носејќи три значајни бода за „романтичарите“ и вторпат последовно според МАКФУДБАЛ е најдобар играч на колото.
„Среќен сум што се наметнав и добив шанса од шефот на стручниот штаб Баже Лазаревски. Се надевам дека ја оправдувам довербата, но секако најважни се резултатите на тимот“, вели младиот Кристијан Ацковски, кој е најдобар играч на 35.коло во Првата лига.
„Најважно е што Работнички повторно е на позицијата која може да донесе излез во Европа. Одигравме квалитетен меч во Струмица, заслужено ја совладавме Беласица и среќен сум што бев стрелец на победничкиот гол. На Работнички местото му е во Европа и се надевам дека ќе успееме да ја исполниме целта. Во последното коло не очекува уште еден извонредно значаен дуел со Шкупи“, истакнува младиот играч за врска на Работнички.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













