
Повредата е минато и Марјан Радески повторно блеска во полн сјај. На последните три меча постигна четири гола во дресот на Шкендија, два на последниот дуел против Македонија ЃП во триумфот од 4-2. Во изборот на МАКФУДБАЛ, тој е најдобриот играч на 29.коло во Првата фудбалска лига.
„Благодарност за признанието, навистина е чест да се биде избран за најдобар од специјализиран фудбалски портал. Чувствувам дека полека се враќам во потребната форма и сакам да дадам полн придонес во победите на Шкендија. Среќен сум поради постигнатите голови, но уште посреќен што Шкендија ита кон одбраната на шампионската титула. На секој нареден натпревар ние имаме иста цел, да победиме и да ги израдуваме нашите навивачи“, вели Марјан Радески, најдобриот играч на 29.коло во изборот на МАКФУДБАЛ.
Утре Шкендија ќе и гостува на Беласица во Струмица. Радески се надева дека шампионот ќе оствари нов триумф.
„На Беласица и се потребни бодовите за опстанок, но и ние сакаме што е можно побрзо математички да ја осигураме титулата. Одиме во Струмица за да победиме“, порачува Марјан Радески.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)
