
Чаир ретко се освојува, а неговиот гол ги замолкна сите. По неколку секунди дојде и аплауз за ремек делото. Боби Божиновски во финишот од мечот постигна прекрасен погодок и донесе триумф (0-1) за Македонија ЃП на гостувањето против Шкупи. Со играта и со феноменалниот гол, заслужи да биде најдобар играч на 24.коло во Првата македонска лига, во изборот на МАКФУДБАЛ.
„Најважно е што Македонија ЃП оствари значаен триумф во обидот да го избегнеме баражот за опстанок во елитата. Сега, искрено, по оваа победа против Шкупи на Чаир, апетитите можеби и не се поголеми. Но, нема да се залетуваме, стоиме цврсто на земја и само посакуваме да продолжиме во победнички стил“, вели за МАКФУДБАЛ, капитенот на Македонија ЃП, Боби Божиновски.
Голот вреден три бода беше вистинско ремек – дело. Боби Божиновски вели дека е најубавиот во неговата кариера.
„Имаше уште еден ‘убавец’ во Втората лига, но ова е сепак најубавиот мој гол. Среќен сум што донесе три бода за Македонија ЃП. Сега сме веќе фокусирани на следниот меч против Работнички претстојниот викенд“, истакнува Боби Божиновски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
