
Данска ја победи Австрија со 1-2 на „Пратер“ во второто коло од Лигата на нации, а мечот го одбележаа неколку скандали. Натпреварот започна час и половина подоцна откако дојде до прекин на електричната енергија на познатиот виенски стадион. Не работеа рефлекторите и семафорите, а немаше ниту интернет за новинарите.
Австриските медиуми јавуваат дека причината е што 1.500 домаќинства останале без струја, сите во вториот округ на Виена, каде што се наоѓа стадионот.
Сепак, тоа не ги спречи навивачите на двете репрезентации одлично да се забавуваат на стадионот кој потона во мрак. Чекајќи да се врати струјата, тие со запалените светла на мобилните телефони правеа бранови на трибините на ритам на евергрините „На прекрасниот син Дунав“ и маршот „Радецки“.
Кога конечно дојде електрична енергија, натпреварот траеше до полноќ, а бизарноста на „Пратер“ продолжи и по доцниот крај на натпреварот. Тогаш на тревникот се појави огромна дупка.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal