Connect with us

Најбараниот фудбалер на светот…може да игра за четири репрезентации

Мајкл Акпови Олисе моментално е најбараниот играч во светот, но не го посакуваат многу клубови, туку репрезентации. 20-годишниот играч од средниот ред игра одлично во Премиер – лигата, сезонава постигна четири гола и асистираше осум пати за Кристал Палас. Интересно, овој фудбалер со голем потенцијал може да игра за четири различни репрезентации, Франција, Англија, Нигерија и за Алжир.


Роден е во Англија, каде што поминал низ фудбалските школи на Челси и на Манчестер Сити. Но, после тоа заврши во Ридинг, од каде пристигна во Кристал Палас. Неговиот брат Ричард веќе настапува за репрезентацијата на Англија до 16 години. Но, ако Мајкл не одлучи да игра за Англија, тоа нема да биде првпат двајца браќа да играат за различни репрезентации.

Бидејќи мајката на Мајкл е родена во Франција, тој засега одлучи да ја избере француската репрезентација и одигра два натпревари за нивната репрезентација до 18 години. Неговиот татко е Нигериец, а Нигерија го вклучи на резервниот список за натпреварите од Купот на Африканските нации. Исто така, неговата мајка има алжирски корени, но Алжир сè уште не направил потег за да го убеди да игра за нивниот фудбалски национален тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови