
Нема да му биде лесно на Челси во ерата на Тод Боели. По отказот за Грем Потер, тимот го презеде Френк Лампард, кој во моментов не покажа дека може да биде долгорочно решение, па раководството на клубот интензивно преговара со тренерите кои следната сезона треба да го преземат тимот.
Медиумите на Островот тврдат дека Џулијан Нагелсман се откажал од преговорите со „сините“, и дека летово нема да седне на клупата на овој тим.
Причината за ваквата одлука на Германецот не е позната, но јасно е дека сега опциите се намалуваат. Луис Енрике е исто така во втор план, а сега главен фаворит да биде нов менаџер на Челси е Маурисио Покетино. Аргентинецот е без работа откако си замина од Пари Сен Жермен, а во Премиер – лигата веќе ги водеше Саутемптон и Тотенхем со кои постигна одлични резултати.
Друга опција е Винсен Компани, легендата на Манчестер Сити, кој импресионираше со своите тренерски способности во Чемпионшип, каде што го предводи Барнли и веќе го промовираше во премиерлигаш.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Жорди Алба потпиша нов договор со Интер Мајами

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“

Евро-фудбал
Флоријан Вирц бил на преговори и на „Енфилд“
