
Баерн Минхен утревечер на „Алијанц арена“ ја пречекува Барселона, која мора да победи доколку сака да биде сигурен патник во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Германскиот тренер Џулијан Нагелсман упати порака за навивачите на Бенфика, кои будно ќе го следат резултатот од овој натпревар.
„Ќе го изведеме најдобриот состав што ни е на располагање. Поздрав до Лисабон, не грижете се“, изјави тренерот на Баерн Минхен.
Тој ја пофали Барселона и рече дека има неколку играчи од светска класа во својот тим. Тој рече дека Баерн Минхен ќе оди на три бода на утрешниот натпревар.
„Барселона мора да не победи за да помине, мора да игра добро и ќе дадат се од себе. Тие се многу добар тим со играчи од светска класа. Но, ние посакуваме победа и нови три бода за максимален ефект во групата“, изјави Нагелсман.
Барселона може да стигне до нокаут фазата во случај на пораз или реми, доколку Бенфика не го победи Динамо Киев на домашен терен. Во случај Бенфика да освои три бода, а Барселона бод, тогаш овие две екипи ќе се изедначат на табелата од групата Е. Тогаш португалскиот тим би имал предност поради подобар меѓусебен дуел.
Сепак, проблемот за Баерн Минхен е што Нагелсман не може да смета на голем број играчи. Тој потврди дека во составот поради повреди и недоволно тренинзи нема да бидат Леон Горецка, Серж Гнабри, Ерик Максим Чупо-Мотинг, Марсел Сабицер, Џошуа Кимих и Јосип Станишиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
