
Селекторот на германската репрезентација Џулијан Нагелсман ги коментираше последните резултати на бундес-тимот. Неговите играчи загубија на последните два пријателски натпревари против Турција (2-3) и Австрија (0-2).
„Не жалам што ја презедов работата со германската репрезентација, ми се допаѓа. Мораме да најдеме излез од оваа ситуација користејќи сѐ што имаме. Тажен сум, но не сум вознемирен. Поразите болат. Сега мораме да зборуваме помалку и да работиме повеќе на теренот“, изјави Нагелсман.
36-годишниот стратег ја презеде германската репрезентација во септември оваа година. Претходно беше тренер на Баерн Минхен, Лајпциг и на Хофенхајм.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Барселона ќе го суспендира Тер Штеген?
