Селекторот на Германија, Џулијан Нагелсман, не стравува за својата позиција по изненадувачкиот пораз со 0-2 од Словачка во четврток, во првиот квалификациски натпревар за Светското првенство 2026. Сепак, тој увери дека ќе има промени во составот за неделниот дуел во Келн против Северна Ирска.
„Мислам дека стравот никогаш не е добар советник. Доволно сум храбар и сè уште сакам да победувам на секој натпревар. Ќе го дадеме најдоброто од себе. Тимот е важен, не јас. Затоа не се плашам. И верувам дека ќе одиграме подобар натпревар од претходниот“, изјави германскиот селектор на прес-конференцијата пред мечот.
Нагелсман вети промени, иако не радикални.
„Одржавме разговори со одделни играчи и со целиот тим. Играчите меѓусебно исто така разговараа и расчистија некои работи. Нема да видите сосема различен тим во однос на пристапот. Што се однесува до составот, сигурно ќе има неколку промени“, најави тој.
„Нема да има ротација од десет играчи. Мора да одиграме подобар натпревар од оној во четврток“, нагласи Нагелсман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













