Селекторот на Германија, Џулијан Нагелсман, беше воодушевен од победата со 2-0 над Данска и пласманот на неговиот тим во четвртфиналето на ЕВРО 2024. Тој ги пофали своите играчи и изјави дека конечно почнуваат да сфаќаат колку се добри.
„Ова беше луд натпревар! Првите 20 минути беа најдобрите за нас од почетокот на турнирот. Потоа дојде бурата, а потоа помисливме дека заостануваме во резултатот. Наместо тоа, ние поведовме, Каи одлично изведе пенал. Фановите ни помогнаа многу. Кога прејдовме на тројца во одбраната, бевме постабилни. Претходно имаше моменти кога не бевме стабилни и Ериксен наоѓаше празни простори. По паузата игравме многу подобро, а секогаш е убаво да се зачува чиста мрежа“, изјави Нагелсман.
„Не беше лесен натпревар, Данска се претстави многу добро. На почетокот ние ги контролиравме работите, но потоа почнавме да брзаме. Сепак, успеавме да се справиме со тешкотиите – како и против Швајцарија, во тоа ни помогнаа и нашите фанови. Горд сум на тимот. Играчите почнуваат да сфаќаат колку се добри“, додаде тој.
„Секогаш има простор за напредок. Задоволен сум од првите 20 минути, но треба да се потрудиме да не брзаме со ситуациите, да останеме трпеливи и да ја задржиме топката. Ако играме цел натпревар како што игравме во првите 20 минути, никој не може да не победи“, истакна германскиот селектор.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski