
Тренерот Џулијан Нагелсман и капитенот Мануел Нојер веруваат дека Баерн Минхен е еден од фаворитите за освојување на трофејот во Лигата на шампионите оваа сезона. Баварците го започнуваат годинешното натпреварување со гостувањето кај Интер вечерва во групата Ц.
„Баерн секогаш треба да биде меѓу фаворитите. Но, тоа мора да се покаже на теренот, а не со разговор“, рече Нагелсман на прес-конференцијата пред натпреварот.
Германскиот шампион минатата година шокантно испадна во четвртфиналето од Вилјареал и голманот Мануел Нојер не го заборави тој пораз.
„Ние сме еден од фаворитите. Не стигнавме до крајот во последните две сезони и ќе се обидеме да го направиме тоа сега. Поразот од Вилјареал се уште боли“, изјави Нојер.
Баерн за мечот со Интер ќе може да смета на најдобрите. Во тимот се враќа искусниот Томас Милер, кој беше одморен за саботното гостување кај Унион Берлин (1-1). Дефанзивецот Лукас Хернандез и играчот за врска Леон Горецка се враќаат во тимот по закрепнувањето од повредите.
„Генерално сум свесен за составот, но имам и неколку прашалници. Конкуренцијата во составот е на ниво и тоа ни овозможува да направиме промени без да загубиме на квалитет“, изјави Нагелсман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Евро-фудбал
Мусијала успешно опериран по тешката повреда

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Шчешни останува во Барселона до 2027 година

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?

Евро-фудбал
Жоао Феликс: Сакам да се вратам дома, во Бенфика

Евро-фудбал
Порто го назначи Франческо Фариоли за нов тренер
