Вардар остана и без главните раководни фигури кои во изминатиот период додека спонзор беше Сергеј Самсоненко, го водеа клубот. Претседателот Мирко Спасески и извршниот директор Самоил Симев поднесоа оставки, но ќе останат во клубот за да помогнат додека тој биде „згрижен“ во други раце.
Формално, Вардар треба да биде вратен на Град Скопје, кој ја има „златната акција“, и спред договорот, го добива назад клубот ако спонзорот (Сергеј Самсоненко) не ги исполнува условите. Русинот одамна има долгови во Вардар, требаше и досега да биде повлечен потег, но градоначалникот Петре Шилегов изјави дека Вардар би можел да биде вратен само со „чисти сметки“. Тоа значи дека Самсоненко до 31 јануари ќе треба да го подмири долгот кој е во износ од околу 2,4 милиони евра.
„Сергеј Самсоненко, како што јас сум известен, се нафати да ги подмири долговите иако уште во мај најави дека не може веќе да го спонзорира клубот. Долгот од околу 2,4 милиони евра, треба да биде подмирен до крајот на јануари, таков беше и договорот“, објаснува директорот во заминување, Самоил Симев.
По ова, кога ќе се подмират долговите, Вардар треба да биде вратен на управување на Град Скопје, а потоа градската управа ќе бара нови заинтересирани спонзори кои би го презеле финансирањето на најтрофејниот македонски фудбалски колектив.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Јетон Беќири
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Интернационалци
Емотивно интервју: Стефан Ашковски за бегството од Иран (ВИДЕО)
Женски фудбал
Фудбалерките до 17 години поразени од Северна Ирска













