Требаше да биде убедлива победа, а Шкендија е елиминирана од Номе Калју уште во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Естонскиот првак славеше со 1-2 во Скопје и го надомести поразот (0-1) од Талин.
Номе Калју дојде до предност во шестата минута. Максимилијано Уге скокна највисоко по корнерот од левата страна и со удар со глава ја затресе мрежата на Захов. Со ова беше анулирана предноста на Шкендија од првиот меч во Талин.
Во 20.минута, Агим Ибраими се обиде со удар со глава, но голманот Павел Лондак успеа да одбрани.
До крајот на првиот дел, Бесарт Ибраими двапати шутираше од слободен удар, вториот пат многу поопасно, а голманот на Номе Калју беше на висина на задачата.
Во вториот дел, Шкендија тргна многу поофанзивно. Бесарт Ибраими и Гледи Мици го погодија дирекот, а голманот Павел Лондак бранеше одлично. Но, Агим Ибраими од пенал во 62.минута го израмни резултатот.
Пет минути подоцна, Агим Ибраими со прекрасен удар од 20 метри ја погоди гредата од голот на противникот.
Возврати Номе Калју во 70.минута. Гаспар Паур имаше шанса за ново водство на естонскиот првак. Во продолжение, Стенио Жуниор пропупти две убави шанси за македонскиот тим.
Казната дојде во самиот финиш, во 90.минута. По една нафрлена топка од десната страна, Лилиу со удар со глава ја затресе мрежата на Захов и ја елиминира Шкендија.
ШКЕНДИЈА – НОМЕ КАЛЈУ 1-2 (0-1)
Арена „Тодор Проески“. Гледачи: 3.000. Судија: Алан Биери (Швајцарија). Стрелци: А. Ибраими 62’ пен. (Шкендија), Максимилијано Уге 6’, Лилиу 90’ (Н. Калју). Ж. картони. Бејтулаи, Радески (Шкендија), Машичев (Номе Калју).
ШКЕНДИЈА: Захов, Мурати, Бејтулаи, Муслиу, Мици, Хусмани (46’ Нафиу), Алими, А. Ибраими, Тотре, Радески, Б. Ибраими 9(64’ Жуниор).
НОМЕ КАЛЈУ: Лондак, Маркович, Авилов, Уге, Кулинитш, Алидор, Суботин, Паур, Машичев (61’ Волков), Лилиу, Клејн.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













