
Јавна тајна е постојаниот интерес на Реал Мадрид за можеби двајцата најдобри млади напаѓачи на светот во моментов, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд. Во интервјуто на Флорентино Перез за “Ел Чирингито”, покрај дискусијата околу скандалозната нова Суперлига, не можеше да изостане и разговорот околу овие две потенцијални засилувања за “кралскиот клуб” во следниот преоден рок.
“Излегувам со маска на себе, никој не ме препознава и одеднаш слушам: ‘Претседателе, доведи го Мбапе!’. Им велам, ‘бидете спокојни”. Вистината е дека тој е добар играч. На Реал му треба промена, треба да се развиваме. Освоивме многу и мора да ја вратиме желбата за повторно натпреварување и надигрување.
“Никогаш не сум разговарал со Мбапе, барем досега. Не знам дали тој ќе потпише нов договор со ПСЖ. Но, тоа што знам е дека таткото на Халанд го посети нашиот тренинг комплекс, Валдебебас, тоа е точно.
„Сите што го посетиле секогаш имаат една иста реакција: ‘Никогаш не сум видел вакво нешто’. Халанд и Мбапе се одлични играчи, но она што го направија Меси и Роналдо е неверојатно и незаменливо”, додаде претседателот на тимот од Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal