Connect with us

На кого е продадена Македонија ЃП и што е со долговите? Фудбалерите денеска не тренираа…

Неизвесно е дали Македонија ЃП утре ќе го одигра натпреварот против Струга Трим Лум од 12.коло во Првата фудбалска лига. Фудбалерите денеска не го одржаа планираниот тренинг, барајќи одговори за судбината на клубот, но пред сѐ за долговите што кон нив ги има сега веќе старото раководство.

Досегашниот сопственик Имер Асан преку социјалните мрежи објави дека го продал клубот, но засега нема никаков абер од новите сопственици. Воедно, наталожени се долгови кон фудбалерите и стручниот штаб на Македонија ЃП, па нејасно е дали воопшто тимот ќе се појави на утрешниот меч од 12.коло против Струга Трим Лум.

Македонија ЃП по 11 одиграни натпревари во Првата лига се наоѓа на седмата позиција со 14 освоени бодови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови