Connect with us

На Јувентус му прети ново исфрлање од Серија А? Имаат 90 дена да се спасат…

Италијанскиот првак Јувентус е во финансиски проблеми. Во деловните книги на клубот постојат премногу „дупки“, а во последниот шестмесечен финансиски извештај е утврдено дека „старата дама“ за само половина година направила минус од дури 113 милиони евра. Италијанските даночни власти ги предупредиле челниците на Јувентус дека до јуни мораат да ги подмират долговите во износ од околу 100 милиони евра за да го избегнат можниот стечај и постапка за прогласување банкрот. Во таков случај, ќе биде исфрлен и од Серија А.


Најлесно е тоа да се направи со продажба на фудбалери. Оттаму, веќе е јасно дека Јувентус ќе продаде неколку големи ѕвезди во летниот преоден рок.

Јувентус секојдневно таложи нови долгови поради пандемијата од коронавирусот, празните трибини. Доцнат и парите од телевизиски права и маркетинг, а ниту резултатите во Лигата на шампионте не им одат во прилог. Тимот беше елиминиран во осминафиналето од Порто. Со ова, минусот на сметката е се поголем и поголем…

Сепак, во Торино нема премногу паника, Андреа Ањели има јасен план како да го избегне најлошото, а во план е подигнување на нов долгорочен кредит.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови