
Убави времиња за спомен и потсетување. Пред точно 40 години, ФК Тетекс се пласира во Првата лига на поранешна Југославија. Тетекс во сезоната 1980/81 го освои првото место во Втората лига – Исток на поранешната држава и избори историски пласман во елитата.
Тетекс во тој период од 1980 до 1982 година имаше вистински дрим – тим. Шеф на стручниот штаб беше Чолаковиќ, а помошник Плачков. Од играчите тука беа Лазаров, Симовски, Пејановиќ, Заковски, Лазаров, Јаковљевиќ, Јовановиќ, Георгиевски, Беадини, Петров, Тасиќ, Стевче Грнчаров…

Инаку во Првата лига во Тетово „штофарите“ успеаја да го совладаа славниот Хајдук Сплит со 1-0, потоа да одиграат реми без голови со Партизан и со Вардар. Во таа 1981/82 сезона, во која на крајот Динамо Загреб стана шампион, Македонија имаше два претставника. Вардар на крајот беше 14-ти, додека Тетекс заврши на 17. место и не успеа да избори опстанок.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
