Connect with us

На Челси му е потребна продажба од 60 милиони фунти за да може да ги регистрира новите засилувања

Челси мора да обезбеди најмалку 60 милиони фунти од продажба на играчи за да може да ги регистрира своите нови засилувања за Лигата на шампионите, пренесуваат британските медиуми.

Минатата недела УЕФА го казни клубот од Западен Лондон поради финансиски неправилности, односно непочитување на правилата за финансиски фер-плеј – особено во делот на прикажување на приходите и надминување на дозволениот буџет за трошоци на тимот.

Според правилата, Челси нема да може да регистрира нови фудбалери за настап во ЛШ доколку не обезбеди позитивен финансиски биланс, што значи дека секој нов трошок мора да биде покриен со еднаков или поголем приход – особено од продажби на играчи. УЕФА нема да дозволи клубот да се повика на дополнителни приходи, како оние од Светското клупско првенство или други бонуси.

Во моментов, Челси сè уште не ги регистрирал новите засилувања – Лијам Делап, Жоао Педро и Џејми Гитенс – иако веќе се приклучени на тимот.

Раководството ќе мора да продаде играчи во вредност од најмалку 60 милиони фунти за да ги исполни УЕФА-условите и да ги активира новите трансфери. Доколку тоа не се случи, новите фудбалери нема да имаат право на настап во европските натпреварувања.

Челси минатата сезона ја освои УЕФА Конференциската лига, а годинава се пласираше до полуфиналето на Светското клупско првенство, што ја зголемува важноста на нивното присуство во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови