Connect with us

На Алиоски му истече договорот со Лидс, Трабзонспор во завршна офанзива

Турскиот клуб Трабзонспор откако ја доведе словачката ѕвезда Марек Хамшик, сака во тимот да го има и македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски. Раководството на клубот ги интензивира преговорите со агентот на Алиоски инсистирајќи тој да се пресели во Турција.

Трабзон му нуди на Алиоски тригодишен договор и заработка од 1,2 милиони евра по сезона. Дополнително, Алиоски би добил и 500.000 евра за потпис на договорот со оглед дека е слободен агент.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови