Connect with us

Н’Голо Канте потпиша за Ал-Итихад

Ал-Итихад од Саудиска Арабија официјално го објави потписот со францускиот играч од средниот ред на Челси, Н’Голо Канте. Договорот меѓу двете страни ќе биде за период од четири години.
Ова е втор најголем трансфер летово за Ал-Итихад, откако претходно овој месец беше објавен и потписот на Карим Бензема.


Канте во Саудиска Арабија пристигнува од Челси, каде што дојде во 2016 година. Со „сините“ од Лондон францускиот фудбалер ја освои Премиер – лигата, ФА Купот, Лигата на шампионите, Лигата на Европа, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

Се очекува Канте да го потпише договорот со Ал-Итихад на 25 јуни и официјално да биде претставен со клупскиот дрес на почетокот на јули.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови