Connect with us

Н’Голо Канте купи фудбалски клуб во Белгија

Францускиот фудбалер Н’Голо Канте, кој неодамна потпиша огромен договор во Саудиска Арабија, го купи белгискиот третолигаш Виртон, пренесуваат локалните медиуми. Договорот е склучен и од 1 јули 32-годишниот француски играч за врска ќе биде нов сопственик на тимот.


Минатата сезона клубот испадна од втората лига на Белгија, откако заврши на последното место, со освоени 25 бода од 32 натпревари.


„Исто како Н’Голо Канте, напорната работа, дарежливоста и скромноста ќе ги поттикнат амбициите на Виртон во наредните години. Со желба да се развијат боите на клубот, провинцијата и Валонија, Н’Голо Канте ги повикува сите движечки сили од регионот да се приклучат на проектот кој има за цел да ги обедини луѓето и да биде достоен за поддржувачите на клубот. Заедно, повисоко и повисоко“, објави Виртон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови