Ѕвездата на Баерн Минхен, Џамал Мусијала, успешно ја мина хируршката интервенција по враќањето од Светското клупско првенство во САД, соопштија од клубот.
Офанзивниот играч за врска на германскиот шампион заработи сериозна повреда за време на четвртфиналниот натпревар против Пари Сен Жермен (0-2), при што му беше дијагностицирана фрактура на фибулата. Поради сериозноста на повредата, Мусијала беше изнесен од теренот на носилки уште на полувремето.
Тој ќе започне со рехабилитацискиот процес веднаш, а прогнозите се дека ќе му бидат потребни неколку месеци за целосно заздравување и враќање во тимот, во зависност од динамиката на неговото опоравување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Патрик Виеира доби отказ од Џенова













