Connect with us

Мурињо возвраќа на критиките: Јас сум еден од најзначајните тренери во фудбалот

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо во негов претпознатлив стил им возврати на оние кои ги доведуваат во прашање неговите тренерски методи.

Португалецот наиде на остри критики оваа сезона, бидејќи неговиот тим има проблеми со доследноста во поголемиот дел од натпреварувањата во кој учествувал.

Кога беше запрашан како се справува со неговите критичари за време на настанот „Игра со Мурињо“ организиран од спонзорот на Тотенхем, АИА, 58-годишниот стратег одговори: „Мислам дека никој нема да разговара за ракетна наука со луѓето од НАСА.

“Но, тие [критичарите] мислат дека можат да разговараат за фудбалот со еден од неговите најзначајните тренери. Сепак, тоа е убавината на овој спорт. Се навикнав и го ценам тоа. Мене ми одговара така.”

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови