
Микел Артета и Арсенал се незапирливи и секако едно од најголемите изненадувања сезонава во најдобрите пет лиги. „Топчиите“ имаат предност од осум бода во однос на Манчестер Сити, а в недела ќе одиграат големо дерби против Манчестер Јунајтед, кој исто така е во неверојатна победничка серија под водство на Тен Хаг.
Шпанецот Артета, кој своевремено беше пред отказ, сега ужива огромна доверба кај челниците на Арсенал, но и кај фановите на клубот.
Интересно е дека покрај Гвардиола со кого тесно соработуваше, Жозе Мурињо е првиот кој предвиде дека Артета прави одлична работа со Арсенал.
Мурињо тогаш го водеше Тотенхем, славеше во дербито во северен Лондон против Арсенал на Артета, но имаше само пофални зборови за својот помлад колега.
„Сакам да му честитам на Микел. Тактички стануваат навистина, навистина добри. Јас сум во фудбалот долго време и можам да читам ситуации пред да се случат, а Артета прави фантастична работа со својот тим. Тој ја гради играта со четири фудбалер, а се брани со петмина. Има огромна доверба во младите играчи. Одлично управува со играчите. Знам дека луѓето кога ќе го слушнат ова ќе се смеат, затоа што тие сега се на 14. место во лигата, но мислам дека тој ќе стане голем закана кога ќе го реализира својот план“, изјави Мурињо пред три години.
„Пророштвото“ на Португалецот полека се исполнува…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен
