
Тотенхем доживеа дебакл на „Максимир“ откако загуби со 3-0 по продолженија и е елиминиран во осминафиналето на Лигата на Европа. Менаџерот Жозе Мурињо има само пофалби за Динамо Загреб, и секако го критикува изданието на својот тим.
„Во 90 минути и во во првото продолжение, имаше само еден тим кој реши да даде се од себе на теренот. Тие дадоа се, својата пот, целата енергија, оставија крв на теренот и на крајот, ги оставија солзите радосници. Неверојатна посветеност и јас сакам да им честитам. Од другата страна беше мојот тим. Повторувам, мојот тим. Таму сум и јас. Не изгледаше како да играат важен натпревар. И за некои од нив и не беше важен меч. За мене, беше. За респектот што јас го имам кон мојата кариера и кон мојата работа. Секој натпревар е важен за мене“, изјави Жозе Мурињо по дебаклот против Динамо Загреб.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
