
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ги истакна високите амбиции на италијанскиот клуб пред почетокот на новоформираното натпреварување под покровителство на УЕФА.
Во првото коло од натпреварувањето по групи во Конференциската лига, Рома ја пречекува ЦСКА Софија во пријатна атмосфера бидејќи ги забележа сите пет победи од почетокот на сезоната.
„Пет победи не се 50. Нема причина да претеруваме со оптимизам и позитивност. Се разбира, позитивните резултати се важни за да помогнат во развојот на тимот. Навивачите исто така треба да бидат умерени и да разберат дека ова е процес и дека работиме заедно само два месеци“, изјави Мурињо.
Португалецот истакна дека бара од тимот да даде 100% на секој натпревар, без оглед на ривалот и натпреварувањето.
„Секогаш им велам на играчите дека се под 100% е ништо. Секогаш мора да работиме максимално. Можевме да загубиме против Сасуоло, но немаше да има приговор за нашата желба. Секој натпревар е важен. Серија А е поважна, но ние сакаме трофеј и во ова натпреварување“, истакна португалскиот стратег.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
