
Жозе Мурињо повторно е една од главните теми во англиските медиуми. Во последните денови многу се пишуваше дека Рафаел Бенитез би можел да добие отказ, а денеска медиумите на Островот тврдат дека токму Мурињо би можел да го замени шпанскиот стратег. Враќањето на Португалецот во Англија на средината на сезоната би било неверојатен спектакл.
Евертон е во серија од осум натпревари без победа, а врв на негативната серија беше тешкиот пораз од 4-1 во големото дерби против Ливерпул. Навивачите на Евертон по тој натпревар ги загубија нервите и почнаа јавно да бараат Бенитез да го напушти клубот, а не се задоволни ниту со сопственикот Фархад Мошири, кој му даде поддршка на актуелниот менаџер.
Британско-иранскиот претприемач досега има инвестирано 500 милиони фунти со Евертон во нови играчи, но тоа не донесе резултати. Токму затоа медиумите најавуваат дека следната цел на Евертон ќе биде Мурињо верувајќи дека португалскиот стручњак може со себе да донесе победнички менталитет.
Мурињо штотуку ја презеде Рома минатото лето, која го донесе од истата причина, па неговото заминување од Рим на средината на сезоната би било големо изненадување, но не би требало и целосно да се исклучува како можност. Португалецот на тој начин би можел многу брзо да се врати во Премиер – лигата од која замина во април оваа година откако доби отказ во Тотенхем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
