Connect with us

Мурињо притиска за трансферот на Ленгле од Барселона

Интересот на Рома за Клемен Ленгле од Барселона е се уште актуелен, тврдат италијанските медиуми. Во првото коло од новата сезона во Ла Лига, францускиот стопер влезе во игра дури во 90. минута, само како тактичка замена на тренерот Роналд Куман.


Очигледно е дека Куман не го гледа како член на стартниот тим на Барселона, па сега неговото заминување од „Камп Ноу“ изгледа посигурно од кога било. Како најверојатна дестинација се споменува Рома на Жозе Мурињо, кој наводно веќе испратил понуда до Барселона за Французинот.


На Барса и се потребни финансии во моментот, а за Ленгле бара околу 25 милиони евра. Францускиот дефанзивец е обврзан со договор до летото 2026 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови