
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, зборуваше по победата над Емполи со 7-0 во четвртото коло од Серија А.
„Добар настап, но тие 7-0 не се важни. Сакавме да победиме со комфорен резултат. Имаше подеми и падови, вклучително и во однос на кондицијата, па не сите беа подготвени да играат 90 минути со висок интензитет. Жалам за Емполи, но тоа е фудбалот. Не ми се допаднаа некои работи во играта на мојот тим, заедно со тренерите ќе анализираме се подетално“, изјави португалскиот стратег.
Мурињо исто така не се согласува со дефинициите за неговата работа и перформансите на тимот.
„Мислам дека не бев толку страшен тренер како што рекоа минатата недела. И сега не станавме исклучителен тим. Имаме потенцијал и нашата цел е да одиме натпревар по натпревар и да победуваме“, дополни Мурињо.
По овој натпревар, Рома се искачи на 12. место на табелата во италијанскиот шампионат.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
