
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо демантираше дека разговарал со сопствениците на клубот, семејството Фридкин за обновување на договорот што му истекува и призна дека не знае дали ќе остане на чело на тимот по крајот на сезоната.
„Разговарав со семејството Фридкин, но не и за продолжување на договорот. Последен пат разговарав со Дан 10 минути по телефон по натпреварот со Лацио. Зборував со Рајан минатата недела. Не знам дали ќе останам во Рома. Ново финале во Лига Европа? За првпат во клупската историја успеавме да стигнеме до две европски финалиња по ред. Замислете колку ни беше тешко. Ако ги погледнете оние кои успеале да играат три последовни финалиња, ќе видите неколку легендарни тимови. Затоа, да се обидеме да го постигнеме тоа“, изјави Мурињо за „TG1“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
