
Един Џеко разговарал со тренерот Жозе Мурињо и тој му дозволил да го напушти Фенербахче и да потпише за Хајдук Сплит, тврди турскиот „Фотоспор“. Турските медиуми пишуваат дека Џеко сака да го напушти Фенербахче откако минатата сезона не успеа да го освои турскиот шампионат, а доаѓањето во Сплит наводно му е примамливо за да биде поблиску до својата земја.
Мурињо, кој неодамна го презеде Фенербахче, е подготвен да го пушти бидејќи не сака играчи во тимот кои не се целосно сигурни дека сакаат да играат под негова палка.
Турските медиуми засега не се покажаа како особено веродостојни, но за доаѓањето на Џеко во Хајдук се пишуваше со недели, а сплитскиот клуб наводно му нуди двегодишен договор.
Џеко од минатото лето е играч на турскиот клуб со кој има договор до крајот на јуни 2025 година. Минатата сезона на 46 настапи постигна 25 гола и десет пати асистираше за 3.288 минути игра. Тој е еден од најдобрите европски напаѓачи во последните 15 години, а играше за Железничар, Теплице, Усти над Лабем, Волфсбург, Манчестер Сити, Рома и за Интер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија
